Претставници на локалните власти на Торино во посета на Скопје
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска се сретна со делегација од Торино, составена со претставници на градската администрација од сферите на меѓународната соработка, урбанизмот и сообраќајот, претставници на стопанската комора на Торино, како и професори од катедрата за архитектура и дизајн при Универзитетот во овој град.
Скопскиот градоначалник Трајановски изјави дека соработката помеѓу Скопје и Торино е на високо ниво, особено по потпишувањето на Договор за пријателство и соработка од 2012 година, а досега се остварени соработки во областа на урбанизмот, сообраќајот, архитектурата и меѓународните проекти.
Амбасадорот на Италија во Македонија Масимо Белели истакна дека соработката помеѓу двете земји е на високо ниво, а соработката помеѓу Скопје и Торино е одличен пример за нејзино развивање и на локално ниво.
Делегацијата од Торино во наредниве два дена ќе оствари повеќе средби и работни состаноци со претставници на повеќе факултети при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, државни инстутиции и организации.
Ново на Сител
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти