Претставена екипата од филмот „Кога денот немаше име“ на ИФФК „Браќа Манаки“
Филмот „Кога денот немаше име“ е инспириран од немилиот настан што се случи на Смилковско Езеро, но во ниту еден момент не го обработува настанот на Смилковското Езеро. Напротив нас не интересираше што значи да се изгуби млад живот, истакна продуцентот Лабина Митевска на денешната прес-конференција на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Станува збор за авторски, тежок филм но интересно е што од сите наши филмови со Теона Стругар Митевска, овој филм има најголем успех, одлично минува на многу фестивали, продаден е во цела Источна Азија, во Камбоџа, Виетнам, Кина, посочи Митевска.
- На почетокот на филмот кажуваме дека филмот е инспириран но не е за Смилковското Езеро, а доколку не интересирало тоа, ние ќе направевме документарен филм. Среќни сме што за филмот постои интерес во светот, филмот е провокативен, публиката го сака филмот и сака да се информира за Македонија. Со овој филм ние имавме за цел да се покаже болката на оваа изгубена генерација, нетолерантноста на општеството во кое живееме, тежината на зборовите кои едни кон други си ги упатуваме...за болката на животот. Овој филм зборува за денешниот свет, за денешна Македонија и за една изгубена генерација, рече меѓудругото продуцентката Лабина Митевска на прес-конференцијата во Битола.
Режисер и сценарист на филмот „Кога денот немаше име“ е Теона Стругар Митевска, кинематографер е Французинката Ањес Годар, а во фимот настапуваат Леон Ристов, Ханис Багашов, Стефан Китановиќ, Драган Милошевски, Иван Вртев Шоптрајанов и Перуника Киселички.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана