Претседателските избори во САД без руски набљудувачи
Руската централна изборна комисија (РЦИ) денеска соопшти дека нема да ги надгледува претседателските избори во САД, пренесе руската агенција ТАСС.
Претседателката на РЦИ, Ела Памфилова, на семинар на ОБСЕ во Виена посветен на демократските избори, изјави дека тоа не е одлука на РЦИ туку став на многумина кои мислат дека на тој начин Русија ќе влијае врз изборите.
- Нашето неучество во тој процес е доказ дека ние во никој случај не сакаме да влијаеме и да поттикнуваме дополнителни обвинувања. Бидејќи не сме директно повикани од страна на нашите партнери во САД, немаме ниту одговорност, рече Памфилова.
Таа додаде дека без разлика на тоа, Москва им дозволи на голем број набљудувачи да ги мониторираат парламентарните избори во Русија, што се одржаа на 19 септември.
Москва претходно имаше спор со Вашингтон околу обидот да испратат свои набљудувачи на претседателските избори и ги обвини САД за заземање антируски став.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сргеј Рјабков претходно изјави дека американските колеги не треба да сметаат дека Русија „едноставно ќе заборави“ на забраната за руски набљудувачи на американските претседателски избори.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња