Претседателот Тачи ја поддржа Парадата на гордоста во Приштина
Косовскиот претседател Хашим Тачи учествуваше на Парадата на гордоста, што се одржа во Приштина во организација на ЛГБТ заедницата.
Во своето обраќање, Тачи изајви дека секоја заедница во Косово е заштитена со закон и со Уставот и според него, никој во неговата земја не треба да се чувствува загрозен.
- Тука сум за да ја изразам институционалната подршка за ЛГБТ заедницата и да потврдам дека во Косово сите заедници се рамноправни и оти државата е изградена врз правата на сите. Нема да дозволам да постои став или закана кон ниту една група. Ние ги заштитуваме сите човекови права. Инситуциите го подржуваат секој граѓанин во Косово врз основа на Уставот и законите на нашата држава, посочи Тачи.
Од име на ЛГБТ заедницата се обрати Ленди Мустафа(21) кој порача дека „имаат љубов и за оние кои ги омаловажуваат“.
На парадата, на плоштадот „Скендербег“ имаше голем број учесници меѓу нив и странски граѓани, амбасадори, како и министри на косовската Влада.
Поради набиената агенда, премиерот Рамуш Харадинај соопшти дека нема да учествува.
Поради заканите кои ги добиваа организаторите изминатите денови, Парадата на гордоста се одвиваше под зголемено полициско обезбеднување.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор