Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Хрватска
Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре – 30 јуни и 01 јули 2021 година, среда и четврток, ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Хрватска.
Во Загреб, утре - 30 јуни 2021 година, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Република Хрватска.
Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Парламентот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ и со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.
Во четврток - 01 јули 2021 година, претседателот Пендаровски ќе се обрати на билатерална деловна средба – со фокус на инвестиции, која се организира во соработка со Хрватската трговска комора, а на која ќе присуствува и македонска бизнис делегација.
За време на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.
Ново на Сител
-
Трамп: Гренланд во иднина може да биде дел од САД
-
Свирежи до Владата и Собранието, 16-минутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина
-
„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот
-
Почна маршот за настраданите во Кочани
-
Забрана за вршење на било какви операции со дронови на територијата на град Скопје
-
Дисциплинска постапка за полициското лице чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син, кривична пријава за синот
-
Здравствен работник обвинет за убиство на девет пациенти во Германија