Претседателот Пендаровски во дводневна официјална посета на Република Полска
Претседателот на државата Стево Пендаровски, на покана на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Полска.
Во Варшава, како што е најавено, денеска претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели. Предвиден е и пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Република Полска.
Како што најавија од кабинетот на Пендаровски, тој ќе оствари средба и со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки, а заедно со претседателот Дуда ќе присуствува и ќе се обрати на тркалезна маса со претставници на полските комори и бизниси, како и македонски претставници од бизнис секторот, настан во организација на Полската агенција за инвестиции и трговија и Кабинетот на полскиот претседател.
Во рамки на официјалната посета е предвидено претседателот Дуда да го одликува претседателот Пендаровски со највисокото полско одликување, Орден на Белиот Орел, додека претседателот Пендаровски ќе го одликува претседателот Дуда со Орден „8 Септември“, како симбол на партнерството и пријателството меѓу двете држави.
За време на посетата, претседателот Пендаровски ќе положи венец на Гробот на незнајниот војник.
Претседателот Пендаровски утре ќе одржи предавање на Колеџот на Европа во кампусот Натолин, Варшава.
Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари и средба со истакнати македонисти и слависти во Полска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?