Претседателот Пендаровски прими студенти од Женева
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими група студенти од факултетите за економија и за политички науки и дипломатија од универзитетот УМЕФ од Женева кои се во студиска посета на универзитетот ФОН во Скопје.
Кабинетот на Претседателот соопшти дека Пендаровски ја претстави работата на институцијата, неговите права и должности во внатрешната и надворешната политика, улогата на Претседателот во рамки на поделбата на власта во државата, поставеноста на властите во земјава и нивните главни ингеренции, како и спецификите на нашиот политички систем.
– Претседателот Пендаровски ги запозна студентите со главните стратешките цели на државата, дефинирани уште од прогласувањето на нејзината независност, а тоа се членството во Европската Унија и во НАТО. Унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка, истакна претседателот Пендаровски пред студентите, се исто така меѓу клучните цели на надворешната политика на Република Македонија, соопшти Кабинетот.
Претседателот Пендаровски ги запозна студентите од Швајцарија со реализацијата на неколку негови проекти, меѓу кои и Отворен Кабинет, како и за заложбите за носење и реализирање соодветни програми и политики за унапредување на положбата на младите и обезбедување перспективи во нивната сопствена држава.
– Студентите го информираа претседателот Пендаровски за целта на нивната студиска посета и активностите за време на нивниот престој во Скопје, се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.
Ново на Сител
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
-
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси