Претседателот Пендаровски прими коледари во вилата „Билјана“ во Охрид
Претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со сопругата Елизабета и синот Огнен ги примија коледарите во претседателската вила „Билјана“ во Охрид.
-Во пресрет на Божик, заедно со Бети и Огнен им бевме домаќини на децата – учесници на бадниковата поворка од Охрид кои не поздравија со коледарски песни, а со песната „Вечниот Бог“ го најавија христовото раѓање. На сите кои ги одбележуваат овие празници ви посакуваме пријатни мигови со вашите најблиски, спокојни и топли празнични денови, објави Пендаровски на својот фејсбук-профил.
Станува збор за дел од децата-коледари кои беа дел од денешната Бадникова поворка, што по седми пат се одржа во Охрид. Како што беше претходно соопштено од Здружението „Бадникови поворки“ кое е организатор на манифестацијата, претседателот согласно православните обичаи на коледарите ги дарувал со божиќни пакетчиња за соопштувањето на радосната вест за Христовото раѓање.
Ново на Сител
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани
-
Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници
-
Претрес во валандовско, пронајдени бела прашкаста материја и шприц
-
Провалиле кај кавадарчанец и украле 10 литра ракија и пари
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мбапе за Модриќ: Видов одблизу што значи величина
-
Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал