-->
-->
Претседателот Пендаровски ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора
-->
– Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе присуствува на државниот погреб на британската Кралица Елизабета Втора во Вестминстерската палата во Лондон.
Шефот на државата е придружуван од неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.
Тие вчера и оддадоа последна почит на британската Кралица Елизабета Втора и се запишаа во Книгата на жалост.
– Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред погребната церемонија во Вестминстерската опатија. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир, напиша претседателот Пендаровски на својот Фејсбук-профил.
Кралицата Елизабета втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември. Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот