-->
-->
Претседателот на Узбекистан е во критична здравствена состојба
-->
Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов се наоѓа во критична состојба, откако неговото здравје драстично се влошило во последните 24 часа, соопштија здравствените власти.
Во градот Самарканд, родното место на Каримов, итно започнало средување и чистење на централните улици, што според некои медиуми е можен знак за погребни подготовки.
Концертот и прославата на националниот празник на Узбекистан вчера биле откажани.
Во неделата 78-годишниот Каримов бил префрлен во болница поради вршење на целосни испитувања. Следниот ден неговата ќерка потврдила дека тој имал мозочен удар и се наоѓа на одделот за реанимација.
Ислам Каримов е претседател на Узбекистан уште од независноста на земјата од Советскиот сојуз пред 25 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?