-->
-->
Претседателот на турскиот Парламент со честитка по повод Денот на независноста на Македонија
-->
Претседателот на Големото народно собрание на Турција Мустафа Шентоп, упати честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, пренесува агенцијата Анадолија.
Според соопштението на турскиот Парламент, Шентоп упати честитки до претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери.
Шентоп им го честиташе Денот на независноста на пријателскиот и братски народ на Македонија и на Џафери.
Тој нагласи дека верува оти односите меѓу Турција и Македонија, како и блиската соработка меѓу парламентите на двете земји, во наредниот период уште повеќе ќе се развијат во секоја област, во насока на заедничките интереси на народите на двете земји, и ќе продолжат да придонесуваат во стабилноста на регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите