Претседателот на Светска банка поднесе оставка
Претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким, неочекувано поднесе оставка, откако шест години беше на чело на водечкиот глобален заемодавач.
Американецот Ким ќе се повлече на 1 февруари, неколку години пред официјално да заврши неговиот мандат.
Ким е лекар и антрополог, кој претходно водеше проекти за борба против туберкулоза и СИДА во некои од најсиромашните нации во светот. Тој беше прв претседател на банката со директно искуство во борбата против сиромаштијата и прв кој нема искуство во областа на политиката или финансиите.
Како шеф на Светската банка, тој ја поттикна институцијата да стори повеќе за да ја елиминира екстремната сиромаштија. Во неговата оставка Ким истакна дека работи на изнаоѓање иновативни начини за финансирање на борбата против пандемијата и за да им помогне на луѓето раселени од климатските промени. Тој, исто така, рече дека работел со Обединетите нации и водечки технолошки компании за откривање и спречување на гладот.
Извршната директорка на Светската банка Кристалина Георгиева ќе биде привремен претседател на банката. Таа е бугарска државјанка со искуство во областа на финансиите и меѓународниот развој.
Ново на Сител
-
ДСЗИ и стручна комисија го испитуваат случајот со смртта на 14 – месечното дете на Детската клиника
-
Државната статистика пресмета 2,6% инфлација во септември – најголемо е поскапувањето на зеленчукот
-
Mицкоски: Ваучер од 250 евра за комјутер или телефон за сите студенти
-
МОН и СОНК пред договор за зголемување на платите и колективен договор
-
По Струмица, забранета е водата за пиење и во Гостивар
-
Светска банка: Штетите од климатските промени можат да ја чинат земјава 4% од БДП
-
Ниту една компанија не ги почитува правилата за заштита на животната средина
-
МОН и СОНК се блиску до договор за покачување на платите