Претседателот на Собранието Џафери се сретна со градоначалникот на Улцињ, Цунгу
Претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците Максим Димитриевски и Џевад Адеми, денеска во Улцињ се сретнаа градоначалникот на Улцињ, Назиф Цунгу и со претставници од општината со што ја заокружија официјалната посета на Црна Гора.
На средбата, информираат од собраниската прес-служба, беше потврдена одличната соработка помеѓу двете земји и беше посочено дека само треба и понатаму да се продлабочи и надгради во областа на економијата, со оглед на тоа дека нема отворени прашања.
Градоначалникот Цунгу упати срдечни честитки за формирањето на новата Влада, при што констатираше дека стабилноста на Република Македонија влијае врз стабилноста на целиот регион. Исто така, информираше дека, по пристапот на Црна Гора во НАТО, на забележителен начин се зголемил интересот за странски инвестиции од страна на познати светски компании.
Соговорниците разменија мислења за правните, административните и фискалните аспекти на децентрализацијата. Беа разменети и позитивните искуства за интегрирањето во мултиетничките средини.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже