-->
-->
Претседателот на словенечкиот Државен збор Брглез во Македонија
-->
Претседателот на Државниот збор на Република Словенија Милан Брглез денеска ќе има обраќање во Собранието на Република Македонија во рамки на неговата официјална посета на земјата.
Брглез со високи државни и воени почести ќе биде пречекан на главниот влез на Собранието од страна на претседателот на македонскиот Парламент Талат Џафери. По пречекот Џафери и Брглез ќе имаат средба.
Во Собранието претседателот на словенечкиот Државен збор ќе има и заедничка средба со претседателите на комисиите за надворешна политика и за европски прашања, Антонијо Милошоски и Артан Груби.
За време на посетата, Брглез ќе се сретне и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот