Претседателот на Намибија парично казнет поради роденденска забава за време на карантин
Претседателот на Намибија, Хаге Гејнгоб и неколку владини претставници се парично казнети бидејќи минатиот месец ги прекршиле здраствените прописи воведени поради епидемијата со Ковид-19, оганизирајќи прослава по повод 60-годишнината на неговата партија.
Роденденската забава на Народната организација на Југозападна Африка (СВАПО) се одржа на 19 април во Парламентот, кога Намибија беше затворена, а беа забранети групните собири со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.
На забавата покрај Гејнгоб беа и заменик-претседателот на Намибија, Нанголо Мбумба, премиерката Сара Кунгогелва-Амадила и генералната секретарка на СвАПО, Софија Шанингва.
Сите треба да платат 2.000 намибиски долари (околу 100 евра).
Во Намибија 22 лица се инфицирани со новиот коронавирус, од кои 14 оздравеле. Во земјата не е регистриран ниту еден смртне случај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај