Претседателот на Гана прв во светот прими вакцина од програмата Ковакс
Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо денеска се вакцинираше против коронавирусот, со што стана првата личност во светот што ја прими вакцината против Ковид-19 од програмата Ковакс.
Ковакс е глобална иницијатива за помош на сиромашните земји во снабдувањето со вакцината, заеднички покрената од Светската здравствена организација (СЗО) и Сојузот за вакцини (ГАВИ), со цел неразвиените земји и земјите во транзиција да можат да добијат вакцини, бидејќи тие немаат доволно можности да потпишат договори за набавка со производителите.
Акуфо-Адо, 76-годишен претседател на западноафриканската држава, во која минатата среда пристигна првото доставување вакцини од програмата Ковакс, ја прими првата доза на вакцината „АстраЗенека“.
– Многу е важно да дадам пример и да покажам дека оваа вакцина е безбедна, така што секој во Гана може да одлучи да се вакцинира без страв, рече шефот на државата.
Ковакс склучи договори со производителите за две милијарди дози во 2021 година и можност за купување уште милијарда дози, а на располагање е финансиски механизам за помош од таа програма за 92 земји со ниски и средни приходи.
Ново на Сител
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп
-
Скопје одбележува 80 години од ослободувањето
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион
-
Четиринаесет загинати во автобуска несреќа во Пакистан