Претседателот Иванов прими жени државни секретари по повод 8-ми март
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март, денеска организираше прием за жени државни секретари од министерствата на Република Македонија, кои се клучни во справување со мигрантската и бегалската криза.
На приемот, соопшти кабинетот на Иванов, присуствуваше Анастасија Илиеска, државен секретар во Министерството за внатрешни работи, Елизабета Чуповска, државен секретар во Министерството за одбрана, Ана Блажевска државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, Елена Кузмановска, државен секретар во Министерството за надворешни работи и Агнеза Руси, шеф на кабинет во МНР.
Претседателот Иванов ги поздрави нивните напори, професионалноста и одговорноста во извршувањето на нивните секојдневни обврски во соочувањето и справувањето со предизвиците од мигрантската и бегалската криза во Република Македонија.
- Македонскиот претседател потенцираше дека Република Македонија и во услови на внатре - политичка поделеност покажа одличен кризен менаџмент и докажа дека може успешно да се справи со сите предизвици на мигрантската криза, како од безбедносен, така и од хуманитарен и политички аспект. Во таа насока, претседателот Иванов изрази поддршка на нивните активности и го поздрави успешното функционирање на државните институции, стои во соопштението од кабинетот Иванов.
Како што се вели во соопштението, честитајќи го празникот, македонскиот претседател воедно нагласи дека жената е столб на семејството, но истовремено и суштински дел од политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот во Република Македонија.
- Би сакал вам, и на сите жени во Република Македонија да ви ги честитам успесите, бидејќи вашите секојдневни достигнувања се пресликуваат врз македонското општество, правејќи не сите нас горди. Затоа активностите и делата на жената треба да се слават, не само денеска, туку во текот на целата година, рече претседателот Иванов, се наведува во соопштението.
Државните секретари изразиле особено задоволство од приемот кај претседателот Иванов, посочувајќи дека за нив ова значи признание на нивниот целокупен труд и ангажман во овие кризни моменти со кои се соочува земјата. Како што се наведува во соопштението, се заблагодарија за поддршката од страна на претседателот Иванов, како и за неговите континуирани заложби и активности во справување со мигрантската и бегалската криза и зачувување на националните интереси на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама
-
Без вода неколку улици во Скопје
-
Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“
-
Тројца украински војници загинаа, а 18 се ранети во руски напад врз единица за обука
-
Земјотрес со јачина од 8,7 степени на рускиот полуостров Камчатка, издадено предупредување за цунами
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
-
Пронајдено телото на 16-годишната Теодора