Претседателот Џафери поднесе Предлог деловник за работа на Собранието
Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска во редовна собраниска процедура го поднесе Предлог деловникот за работа на Собранието, кој, како што информираат од собраниската прес-служба, е производ на повеќегодишна посветена работа на учесниците во процесот на Дијалогот Жан Моне.
- Во Предлог деловникот е предвидено одредбите да почнат да се применуваат од наредниот пратенички состав што всушност придонесе многу во донесувањето на непристрасни решенија со консензус и за пратениците од власта и за пратениците во опозиција, велат од Собранието.
Предлогот, како што посочуваат, е веќе доставен до пратениците во писмена и во електронска форма, а ќе биде предложен за прво читање како дополнение на дневниот ред на 127-та пленарната седница закажана за 3 октомври 2023 година.
Ново на Сител
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема