Македонија
15. јуни 2024 - 19:01

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствувала на отворањето на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток, на езерото Луцерн во Швајцарија.

Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска-Давкова, предвидено е претседателката утре да има свое обраќање на самитот.

Собирот во Швајцарија на кој присуствуваат 100 делегации од целиот свет, има цел да воспостави форум за дијалог на високо ниво за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН.