Претреси на осум локации во Сарај и Ѓорче Петров
На 08.09.2023 во заедничка координирана акција на полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Интервентна полиција, како и Оперативен тим потраги при СВР Скопје, по претходно добиени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на осум локации на подрачјето на Ѓорче Петров и Сарај, кај Б.Л.(27), Е.Ш.(35), Х.Л.(22), А.Ш.(28) и А.Ш.(28), А.З.(25), Ѓ.К.(27), Л.И.(19) и Д.М.(24).
При претресите пронајдени се докази за сторено кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик за "неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали", а во врска со претходно пронајдена поголема количина на муниција и автоматско огнено оружје на 23.08.2023.
Во полициска станица се приведени две лица, а се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и лишување од слобода и на други лица инволвирани во кривичното дело.
Од страна на СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против лицата за кои се обезбедени докази, а се обезбедуваат докази и за други инволвирани лица. Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на две лица им определи мерка притвор во времетраење од 30 дена, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите