Македонија
17. November 2023 - 10:35

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведен дилер

На 16.11.2023 во Велес, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Г.Ш.(44) од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. За настанот бил  известен јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.