Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана
На 28.03.2025 околу 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани ги лишиле од слобода О.С.(18) од Куманово, М.А.(54) од Кочани, Е.М.(25) од Виница, Џ.А.(34) од Виница и С.М.(38) од Кочани. Тие биле затекнати во патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, сопственост на Џ.А. од Виница, и при преглед кај нив, кај С.М. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и марихуана.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрс во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО
-
СДСМ: Пак нема лекови на Онкологија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пред Велигден ќе има терапија
-
Предлог законот за судска служба поставен на ЕНЕР
-
Цела недела се трага по исчезнато лице
-
Уапсен Миле Кекин, поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“
-
ОН: Царините на Трамп се погубни за земјите во развој
-
Вчера казнети 707 возачи, 218 за брзо возење