Претрес на возила на наплатната станица „Гостивар“, откриени наркодилери
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(24) и Ф.Ј.(24), двајцата од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 2. овој месец во 17,05 часот на автопатот Скопје – Тетово, на наплатна станица „Гостивар“, од страна на полициски службеници, при преглед на патничко моторно возило управувано од второпријавениот, била пронајдена марихуана, која тој претходно ја набавил од првопријавениот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Д. (23) од село Волково,скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори “. Истиот ден во 20,15 часот на автопатот Скопје – Тетово, на наплатна станица „Гостивар“, од страна на полициски службеници, при преглед на лица и патничко возило управувано од К.Н.(27) од Скопје, и пријавениот како сопатник, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер