Претпладне сончево со мала облачност, попладне дожд
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, најизразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 14 степени, а дневната температура од 13 до 24 степени. УВ-7.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено со пороен инатензитет. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој краткотрајно ќе засилува.
Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 21 степени.
Од среда следува период на потопло време, краткотрајно ќе е постабилно, но ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека