Претежно сончево и релативно топло
Времето денес ќе биде претежно сончево и релативно топло, наутро со слаба магла по одделни котлини, а преку денот значитечно потопло на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје наутро во делови од котлината магливо, а преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 степени.
Во наредните денови ќе се задржи претежно сончево и топло за овој дел од годината. До вторник значително потопло ќе биде на планините. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и таму температурата преку денот ќе биде за неколку степени пониска.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип