-->
-->
Претерувањето со вијагра го оштетува видот
-->
Британец зел 10 пати силденафил повеќе од вообичаено, па завршил со „дупка“ во видот и преголема чувствителност на светлина. Станува збор за активна состојка на вијаграта, а мажот испил цело шишенце апчиња одеднаш, пишува „Дејли меил“.
Кусо по ризичниот „потфат“, тој забележал дека е премногу чувствителен на посилна светлина и дека не може да гледа при намалено осветлување, како и кругови коишто му се јавувале пред очи.
Докторите потоа утврдиле дека има оштетување на мрежницата. За жал, ова може да се покаже неизлечливо.
Истражувањата покажуваат дека дури и двојната доза вијагра, повеќе од препорачаната, може да предизвика оштетувања на видот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор