-->
-->
Претепано момче во Прилеп моли: Викнете полиција да дојде
-->
Две лица со шутирање по глава и тело тепаат момче кое лежи на под, додека тоа бара да викнат полиција. Ваквото видео беше споделено вчеравечер на социјалната мрежа „Твитер“, за по неколку коментари и реакции, тоа да биде избришано.
Снимката беше споделена околу 22 часот, а според коментарите кои беа оставени, најверојатно станува збор за кражба, при што, сторителот бил фатен во моментот на извршување. Околу момчето кое лежи на подот, се расфрлани кутии од цигари.
„Не можам повеќе“, вели тепаниот, на што лицата кои го клоцаат му одговараат: „Што не можеш, што не можеш?“, удирајќи го повторно со нога директно во лице. „Викнете полиција нека дојде“, повторно вели тепаниот, а лицата му велат: „Полиција да дојде…Не полиција да дојде, сега ќе те затворам… два-три дена, па по два-три дена полиција ќе дојде. Ти е**м крвта твоја, да ти е**м. Полиција по два-три дена ќе дојде, сега ќе викнам еден ѓуптин да те е***а во визба“, му возвраќаат по што повторно го шутираат директно во лице.
Со споделувањето на снимката, беше пишано дека станува збор за случај во Прилеп, но не беа споделени дополнителни информации.
Од МВР за „А1он“ велат дека ваков случај официјално не е пријавен кај нив, но ќе проверат за што станува збор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата