Премиерот Заев ќе учествува на годишната средба на ЕБОР во Сараево
Премиерот Зоран Заев ќе учествува на редовната средба на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) што од утре до 9. месецов ќе се одржи во Сараево, каде заедно со другите лидери од Западен Балкан ќе дебатираат за економски и политички прашања клучни за регионот.
Според најавите, освен Заев настанот со присуство ќе го поддржат и Денис Звиздиќ, претседавачот на советот на министри на БиХ, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи.
Главна тема на годинашниот бизнис-форум ќе биде „Поврзување на економиите за посилен раст“, а агендата ќе покрие широк опсег на области релевантни за сите држави во кои што ЕБОР работи, како: инвестиции, миграција, туризам, дигитизација.Ќе се одржат и дискусии за регионални прашања со фокус на можностите за инвестиции во Западен Балкан.
Во тек на на 28.Годишен состанок на Одборот на гувернери, инвестициска конференција и бизнис-форум ЕБОР се очекува присуство на повеќе од 2 000 претставници на меѓународната бизнис-заедница, инвеститори, гувернери на ЕБОР, министри за финансии, економисти, благајници или централни банки, претставници на граѓански организации
Европската банка за обнова и развој, како меѓународна финансиска институција што поддржува проекти во над 30 земји од светот, минатата година инвестира 1.1 милијарда евра во државите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер
-
ЦУК: Активни два пожара, три под контрола
-
На ГП „Табановце“ се чека околу 15 минути, на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата