Премиерот Заев ја достави оставката до Собранието
Премиерот Зоран Заев претпладнево ја достави својата оставка до Собранието на Република Македонија.
Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието, оставката ќе биде доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој потоа ќе треба да го извести претседателот на Парламентот, Талат Џафери за новиот мандатар.
Потоа, претседателот на Собранието ќе закаже седница на која треба да биде констатирана оставката на премиерот и на други членови на Владата и да биде избран новиот состав на техничката влада. Дополнително ќе биде соопштен терминот за одржување на седницата.
Како што е веќе познато, според договорот на политичките партии, мандатар на новата техничка влада ќе биде актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика ќе бидат Наќе Чулев и Рашела Мизрахи.
Составот на техничката влада треба да биде изгласан до вечерва на полноќ во Собранието, а таа се формира 100 дена пред предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата