Премиерот Димитриев и Груевски во посета на загрозените скопски подрачја
Премиерот Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кои поради синоќешното невреме ги прекинаа годишните одмори, се во посета на најпогодените подрачја во Скопско.
Димитриев и Груевски се во придружба на министрите за здравство и за труд и социјална политика, Никола Тодоров и Диме Спасов. Тие информираа за помошта што им се доставува на локалните жители во Стајковци, Економија, Инџиково, Сингелиќ и останатите критични точки.
- Заклучивме да напрвиме листа на сите потребни артикли веднаш. За таа цел на владина седница формиравме заедничка комисија на министерствата за одбрана, внатрешни работи и труд и социјала, како и Црвениот крст. Се обратија и неколку соседни земји за помош, информира премиерот Димитриев.
Груевски сугерираше да се реагира што поскоро за обезбедување повеќе пакети помош.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето