Премиери на „Доме слатки доме“ и „Ноќен живот“ во Карлови Вари
На меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари вчера се одржа светската премиера на филмот „Ноќен живот“ на режисерот Дамјан Козоле, а денеска ќе биде премиерно прикажан „Доме слатки доме“ на Фатон Бајрактари.
Двата филма се поддржани од Агенцијата за филм на Република Македонија како малцински копродукции.
„Ноќен живот“ е дел од главната селекција на фестивалот, а е копродукција меѓу Словенија, Македонија и БиХ. Во неговата реализација учестуваа актерот Петар Арсовски, режисерот Иво Трајков во својство на супервизор на монтажа, студиото ФХЗХ кое ги работеше специјалните ефекти на филмот,...
На премиерата присуствуваа копродуцентот Лабина Митевска од продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски“, директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска-Илиевска, како и амбасадорот на Македонија во Чешка Паскал Стојчески.
Премиерата на „Доме слатки доме“ е дел од програмата East of the West. Филмот е косовско-македонска копродукција. Македонски копродуцент е Сенад Абдули од продуцентската куќа „Арнел Продакшен“. Во реализацијата учествуваа Блаже Дулев, монтажер, Дарко Спасовски- Пацки, музика и дизај на звук, Маријан Спасовски, мајстор на светло,...
На премиерата ќе присуствуваат екипата која го реализираше филмот, директорката Ѓоргоска Илиевска и директорот на Косовскиот филмски центар Арбен Жарку.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана