Македонија
21. May 2017 - 9:59

Премиера на претставата „Грета од Фауст“ во Битолскиот театар

Народниот театар - Битола вечерва на новата сцена на театарот ќе ја изведе шестатата премиера, претставата „Грета од Фауст“ од Луц Хибнер, во режија на Димче Николовски.

Во претставата ќе настапат актерите Никола Пројчевски и Сандра Грибовска, музиката е на групата „Фолтин“, сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, а костимите се на Благој Мицевски.

- Хибнер е автор кој успева театарските приказни да ги поедностави и да покаже дека театарџиите насекаде во светот се доволно слични, изјави режисерот Николовски во пресрет на вечерашната премиера во Битола, која воедно претставува негов прв режисерски проект во овој град.

По завршувањето на премиерата, битолските актери ќе се подготвуваат за настап во Канада каде на 26 мај ќе ја изведат претставата „Без паника“.