Преку апликацијата за самопопишување досега евидентирани 82.106 лица
Преку онлајн апликацијата за самопопишување досега од странство се евидентирани 82 106 лица, процесот продолжува до 21 април.
Преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци. Процесот на самопишување почна на 1 март, а ќе се одвива до 21 април 2021 година
Од 1 март до 15 март се попишуваа и вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство, македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Македонија во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица како и сите лица – државјани на Република Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.
Пописот на населението во земјава ќе се спроведува од 1 до 21 април 2021 година. Државниот завод за статистика објави и дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, за кој заинтересираните кандидати треба да се пријават до 20 март 2021 година.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено