Прекинати испораките на гас од Германија за Полска преку гасоводот „Јамал“
Испораките на гас од Германија за Полска преку гасоводот „Јамал-Европа“ од изутринава се во прекин, додека руските испораки преку Украина до Европа се стабилни.
Меѓу шест и седум часот утринава излезните текови на мерното место Малнов, на германско-полската граница, беа на нула. Еден час претходно, од Германија во Полска пристигнале 1.305.783 киловат-часови гас, покажаа податоците од операторот на гасоводот Gascade.
Од друга страна, од утринава преку Украина во Словалка пристигнаа 41,3 милиони кубни метри гас, и тоа преку граничната точка Велка Капушани, како и ден претходно, покажуваат податоците на украинскиот преносен систем.
Рускиот производител на гас „Газпром“ денеска соопшти дека во Европа, преку Украина , ќе испорача 42,4 милиони кубни метри природен гас.
Во средината на ноември, Полска соопшти дека ќе го преземе имотот на рускиот гасен гигант „Газпром“, вклучувајќи и 48 отсто од акциите во „Еурополгаз“, сопственик на полскиот дел од гасоводот „Јамал“.
-Принудна управа ќе се грижи за безбедноста на клучната инфраструктура за транзитот на гас, изјави тогаш полскиот министер за развој Валдемар Буда.
Полска во септември воведе санкции кон „Газпром“, најавувајќи замрзнување на нејзиниот имот поради руската инвазија врз Украина.
Русија, од друга страна, го суспендираше извозот на гас во Полска, бидејќи Варшава одби да го плаќа во рубљи.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена