Македонија
21. March 2021 - 17:15

Прекината семејна веселба во Куманово

Кумановската полиција прекина семејна веселба во куќа во Куманово, соопшти СВР Куманово. Претпладнево во 11:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејна куќа во Куманово се одржувала семејна веселба, односно не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија.

-Полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола и во семејната куќа во сопственост на Т.М.(29) биле затекнати повеќе лица-гости,  соопштија од СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик- „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.