Прекинат бојкотот на машиновозачите, товарниот железнички сообраќај стартува вечерва, а патничкиот од вторник
Товарниот железнички сообраќај да биде во функциија од вечерва, а патничкиот од вторник следната недела, договориле денеска машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт и раководството на претпријатието.
Тони Димовски, претставник на машиновозачите за МИА изјави дека е постигнат договор за прекин бојкотот што го почнаа на 25. минатиот месец со барање за исплата на вториот дел од платата за јули, како и за редовност во исплата, што е честа причина за бојкоти во железничкото претпријатие.
- Бојкотот е прекинат бидејќи во преговорите со менаџерскиот тим е постигнат позитивен договор. Ќе бидат повлечени суспензиите за колегите и нема да има ниту една санкција, вели Димовски.
Машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт, го почна бојкотот поради неисплатениот втор дел од платата за јули годинава.
Од стартот на бојкотот не сообраќаа ниту патничките ниту товарните возови.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба
-
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски
-
Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026
-
Трамп повторно се заканува дека ќе ја преземе контролата врз „ужасниот“ Вашингтон
-
За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври
-
Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД