Преговорите за Сирија во „виенски формат“ ќе се одржат на 11 февруари во Минхен
Преговорите за Сирија во т.н. „виенски формат“ ќе се одржат на 11 февруари во Москва во пресрет на Минхенската конференција за безбедност, изјави денеска во Москва специјалниот претставник на рускиот претседател за Блискиот Исток и Африка, заменик-министерот за надворешни работи Михаил Богданов.
- Постигнат е принципиелен договор меѓу министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери и сега ќе им ги предложиме на сите останатите учесници во Меѓународната група за поддршка на Сирија , местото и времето на средбата, Минхен 11 февруари, рече Богданов.
Претходниот круг од преговорите во „виенски формат“ за Сирија се одржа на 14 ноември во Виена.
На нив учествуваа претставници на 19 држави, вклучувајќи ги Русија, САД, Саудиска Арабија, Турција, Ирак, Италија, Египет, Велика Британија, Германија, Либан, Катар, Иран, Франција, Кина, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Оман, како и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Сирија, Стефан де Мистура и претставник на Арапската лига.
Ново на Сител
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор