Loading Video...
Свет
16. November 2023 - 12:22

Преглед на вестите од светот

САД И Кина ја обновуваат директната воена комуникација. Ова беше договорено на средбата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Ши Џинпинг одржана на имот во близина на Сан Франциско. И двајцата лидери порачаа дека натпреварот меѓу двете земји не смее да прерасне во конфликт, и меѓусебните односи мора заедно да се уредуваат. Кинескиот лидер Ши Џинпинг порача дека за две големи земји како Кина и САД, вртењето грб една на друга не е опција.

Бајден по средбата истакна дека Џинпинг е диктатор во смисла дека раководи со земја, која е комунистичка, но според него САД и Кина мора да го вратата воениот дијалог.

Ши на средбата истакнал дека прашањето за Тајван е најголемиот и потенцијално најопасниот конфликт во односите на двете земји, и побара од Бајден, САД да не ја вооружуват островската земја.

Американскиот претседател пак го предупреди кинеското раководство да не се меша во претседателските избори во Тајван следниот јануари.

Бајден и Си се согласија дека Кина ќе престане да извезува хемиски производи што се користат за производство на опијатот фентанил, кој е водечка причина за предозирање со наркотици во САД.

Ова е прва средба на Бајден и Џинпинг по пауза од една година.