Loading Video...
Македонија
28. August 2024 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Најмалку 11 палестинци загинаа во најновите израелски напади на Западниот Брег. Мети биле како што објавија  палестинските здравствени власти бегалските кампови во близина на Џенин и Тубас.  Изарелската армија пак вели дека спроведува антитерористичка акција на  Западниот Брег. Информираше и  дека продолжува со нападите врз позиции на Хезболах во јужен Либани  и со воената операција во појасот Газа. Од подземен тунел на Хамас на југот на енкалавата ослободен израелскиот заложник,50 годишниот  Каид Фархан  Алкади.

Добре дојдовте дома Фархан Алкади. Ги пофалувам ИД и ИСА за уште една успешна спасувачка операција. Работиме неуморно  да ги вратиме сите наши заложници. Тоа го правиме на два главни начини: преговори и спасувачки операции а за тоа неопходно е нашето воено присуство на теренот и постојан воен пристиок врз Хамас, ќе продолжиме да дејствуваме додека не ги вратиме сите дома, истакна Бенјамин Нетањаху, премиер на Израел.  Според израелската евиденција, Хамас сега во свои раце има уште 108 израелски и странски заложници.

Хелихоптер на армијата на Босна и Херцеговина  од засега непознати причини се урна претпладнево во  Јабланичкото  Езеро во северениот дел на Херцеговина.. Во летало имало четирчлен екипаж. Сите го преживеале инцидентот.  Хеликоптерот се урна за време на пробата  пред утрешната голема воена вежба   на европските мировни сили во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) и армијата на Босна и Херцеговина.

Доналд Трамп, поранешниот американски претседател, реагираше на федералното ревидирано обвинение поднесено против него за обид  да го поништи резултатот од претседателските избори во 2020 година, на кои беше поразен од Џо Бајден.  Новото обвинение го нарече „шокантно“ и оцени дека тоа е „директен напад врз демократијата“.Специјалниот обвонител Џек Смит изјави дека изманетето обвиение е прилагодено  во солгасност со пресудата на Врховниот суд  дека поранешните претседатели имаат  имунитет за гонење за одредени постапки преземени на функцијата .Според Трамп целиот случај треба да биде отфрлен поради пресудата на Врховниот суд. Доналд Трамп повторно е републикански претседателски кандидат, овојпат во трка со потпретседателката Камала Харис.