Loading Video...
Свет
13. April 2024 - 16:38

Преглед на вестите од светот

НЕСРЕЌА СО ЖИЧАРНИЦА ВО АНТАЛИЈА: ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА, ДЕСЕТ СЕ ПОВРЕДЕНИ

Едно лице загина, десетици се повредени во инцидентот со жичарата во Анталија. Кабина од жичница околу 17 часот по локално време вчера удри во скршен столб и се отвори, по што патници паднаа на карпеста површина. По несреќата жичарницата била сопрена, а 170 лица заглавени во кабините. На социјалните мрежи масовно се прошири видео од несреќниот момент.

Турските спасувачки служби веќе втор ден се на терен и пробуваат да ги извлечат сите лица од кабините.

Се користат јажиња, седум хеликоптерри, воен транспортен авион и над 100 возила. Според последените информации скоро 30 лица чекаат да бидат спасени од кабините, но сите се во добра здравствена состојба.

Ангажирани се над 600 спасувачи.

 

МАСАКР ВО СИДНЕЈ: ЗАГИНАА ШЕСТ ЛИЦА, НАПАЃАЧОТ Е ЗАСТРЕЛАН

Шест лица загинаа, а повеќе се повредени по напад со нож во трговски центар во Сиднеј. Меѓу повредените е и деветмесечно бебе на кое му била извршена операција. Мајката на бебето им подлегнала на повредите во болница и таа е шестата жртва во нападот.

Полицајка која случајно се нашла во трговскиот го совладала 40-годишниот маж напаѓач, кој допрва треба официјално да биде идентификуван од полицијата. Таа пукала во него, откако тој и замавнал со ножот.

 Според официјални информации дејствувал сам и нападот не бил поврзан со тероризам.