Loading Video...
Свет
11. April 2024 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Рано утрово, експлозии утрово одекнаа на североистокот,  југот и западот на Украина. Руските сили како што соопшти украинската армија нападнале со 40 беспилотни летала и 40  хиперсонични ракети Кинжал а во нападите загинале најмалку седум лица.Мети биле  капацитети за производство и диструбуција на електрична енергија во регионите Запорожје, Харков, Лавов и Киев. 400 000 корисници се без струја   рече министерот за енергетика Херман Халушченко. Руската војска пак соопшти дека соборила над 12 дрона над регионите Брјанск и Белгород. Во меѓувреме укрианскиот парламент го усвои законот за зголемување на бројот на војници во армијата. Санкциите за оние кои ќе се обидат да избегнат мобилизација отсега ќе бидат построги. Претхоно беше објавено дека украинскаат војска треба да мобилзира 500 000 мажи за ги пополни своите редови.  За да стапи во сила, законото  мора да биде потпишан од претседателот Володимир Зеленски. На почетокот на април Украина ја намали старосната граница за мобилизација од 27 на 25 години.

САД предупредуваат дека Иран се подготува за голем ракетен напад врз Израел а мети ќе бидат воени и владини цели. Според Вашингтон  нападот ќе го извршат проирански групи како одмзда за изарелскиот напад врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град мината недела , во кој загинаа  13 лица. Ќе му дадеме цврста поддршка на Израел во случај на напад од страна на Иран изјави американскиот претседател Бајден.  Израелскиот премиер пак порача дека Израел е подгтвен да одговори на сите напади.

„Се наоѓаме во времиња со многу предизвици. Среде војна сме во Газа, која продолжува со полна сила. Покрај тоа, продолжуваме со нашите непрестајни напори да ги вратиме нашите заложници, но се подготвуваме и за предизвиците што доаѓаат од други фронтови. . И воспоставивме едноставен принцип - кој и да нè повреди, ние го повредуваме него рече Нетењаху.

Силно торнадо ја зафати амеранската сојузна држава Луизијана,  предивизвикувајки  поплави во делови во Њу Орлеанс и Слајдел. Невремето  откорна покриви на куки и згради и ја прекина струјата на 30 000 домакинства во Слајдел.

Полицискиот оддел во Слајдел заедно со противпожарната служба направија 50 плус спасувања. Имаме извештаи за полесни до умерени повреди. Повредените се пренесени во локалните болници, изјави Џејк Морис, од полицискиот оддел  на Слајдел.

Според послдените информации, најмалку 10 лица се повредени во невремето.

Грција почна да дели ваучери за бесплатен седумдневен одмор на туристите кои беа принудени да ги напуштат хотелите на грчкиот остров Родос во текот на летото 2023 година поради шумски пожар.Околу 25.000 туристи, главно од Велика Британија, чекаат да добијат ваучери за седумдневен престој во хотелите на Родос. министерот за туризам Мирон Флурис рече дека Грција е првата земја во светот која одлучила  да им андомести  на туристите  на кои им про