Loading Video...
Свет
11. April 2024 - 12:26

Преглед на вестите од светот

Четири лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, се убиени во синоќешниот руски ракетен напад врз регионот Одеса, додека седум лица се повредени. 

Регионалниот гувернер Олех Кипер, преку каналот Телеграм, соопшти дека едно повредено лице е во тешка состојба откако му ги ампутирале нозете. Екипите за итна помош се излезени на терен.  Проектилите, за кои се верува дека се балистички ракети „Искандер-М“, погодиле цели во регионот меѓу 18 и 18,30 часот, а исто така ја оштетиле сообраќајната инфраструктура, вклучително и камионите во близина.

Украинската војска соопшти дека нападот бил насочен кон транспортни објекти, а била погодена и бензинска пумпа, што го зголемува ризикот од експлозии во областа. Одеса е едно од најфрекфентните украински пристаништа и е честа цел на руските напади за време на 25-месечната војна.

Во израелски воздушен напад во Појасот Газа на 10 април загинаа тројца синови на Исмаил Ханијe, лидерот на движењето Хамас - организација која САД и Европската унија ја сметаат за терористичка.

Ханијe ја потврди нивната смрт во средата во интервју за сателитскиот канал Ал Џезира, велејќи дека неговите синови биле „маченици на патот кон ослободувањето на Ерусалим и џамијата Ал Акса“. Ханијe рече дека убиствата нема да го притиснат Хамас да ги омекне своите позиции. Унаку убиени се вкупно шест лица во напад во близина на бегалскиот камп Шати во градот Газа.

Нема коментар од израелската армија.

Војната во Појасот Газа избувна откако Хамас изврши напади во Израел на 7 октомври минатата година, кога, според израелските податоци, загинаа 1.200 луѓе, а беа земени 253 заложници.

Оттогаш, најмалку 33.360 луѓе се убиени во израелската офанзива, според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас.

Поплавите што ги зафатија градовите низ Русија и Казахстан принудија околу 110.000 луѓе да бидат евакуирани и градот Оренбург е под вода бидејќи нивото на реката Урал порасна и предизвика тотален хаос. 

Од поплавите се погодени голем број населби во руските Уралски Планини, Сибир, Волга и областите на Казахстан, откако големите реки како Урал, кој се влева во Каспиското Море, се искачија повеќе од 70 см (2 стапки 3 инчи) над точката на пукање до над 10 метри.

Во Казахстан, луѓето работеа цела ноќ за да подигнат насипи и да ги зајакнат насипите, а вонредната состојба остана на сила.

Претседателот Владимир Путин во вторникот разговараше со претседателот Касим-Жомарт Токаев од Казахстан за поплавите. Кремљ соопшти дека најлошото допрва доаѓа за рускиот сибирски регион Тјумен и уралскиот регион Курган.