Loading Video...
Свет
1. April 2024 - 16:53

Преглед на вестите од светот

Истражителите  на Европското јавно обвинителство ја презедоа истрагата од белгиските обвинители, кои ја истражуваа шефицата на ЕК Фон дер Лајен за „мешање во јавните работи, бришење на СМС пораки, корупција и судир на интереси“.

Се работи за истрагата во врска со преговорите за набавка на вакцините против ковид-19 помеѓу Фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер. Кон крајот на 2021 година ЕК во име на сите земји членки на унијата  склучи договор  со Фајзер за 1, 8 милијарди дози за 20 милиајрди долари, што во тоа време се сметаше за голема победата на Фон дер Лајен.

ЕК и Фон дер Лајен избегнуваат да дадат инфорамции за случајот 0 Белгиските правосдуни органи власти во градот Лиеж го отврија случајот на почетокот на 2023 година по кривична пријава поднесена од локалниот лобист против ковид вакцини Фредерик Балдан, кој ја обивни шефицата на ЕК дека ги договорала условите на договоррот преку приватни комуниакциски канали и ги заобиколила строгите правила на ЕУ за јавни набавки а потоа доказниот материјал го уништила. . 

По појавувањето на видеото од Виена на кое можеби е снимена исчезнатата Данка Илиќ, се уште нема конкретни детали или конкретни податоци од виенската полиција. Видеото е снимено во саботата попладне, на трамвајска станица. Виенската полиција се обидува да ги пронајде двете жени од видеото. Според виенската полцииаја изгубено е многу време од снимањето на девојчето до доставувањето на снимката до нив.

Авторот на видеото ја испратил снимката по електронска пошта до српската полиција, па српската полиција го испарти кај нас, изјави портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих. Авторот на видео е спрски државјани и тој веке и испрашан од австриската полиција. Интерпол распиша жолта потерница по исчезнатото девојче од Србија. На веб страницата на Интерпол се наведува дека Данка може да се препознае по брадавица на левото уво, како и бенка со неправилна форма на левата надлактица.

Двегодишна Данка Илиќ, исчезна во вторникот на 26 март во Бањско Поле, кај Бор. Полицијата и пожарникарите Денеска ја пребаруваат дивата депонија на стариот Бањски пат.