Loading Video...
Свет
29. March 2024 - 16:53

Преглед на вестите од светот

Мајката на исчезната Данка Илик, Ивана денеска повотрно е во полициска станица, каде вчера заедно со нејзнинот сопруг помина повеке од 10 часа на информативен разговор. Според српскиот портал Пинк, многу повици и пораки биле избришани од телефонот на мајката ден пред и на денот кога двегодишното девојче исчезна од семејната куќа во населбата Бањско поле кај Бор.

Таткото на девојчето го поминал полиграфскиот тест во полицијата, пренесуваат некои српски медиуми. Во четвриот ден од потрагата по Данка, специјални екипи за спасување од урнатини почнаа детално пребарување на просторот околу куќата, од каде на девојчето му се губи секаков траг. Доведено е и кучето Зиги кое бараше луѓе во урантините по земјотресот во Турција. Претходно земјиштето околу куќата беше расчиестно со багер за да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во потрагата.. 

Засега нема официјални информации за деталите од истрагата. Во близина на Хаџики во Босна и Херцеговина, синоќа беа уапсени три лица кои тврдеа дека имаат информации за исчезнатата Данка, за што барале пари, но во полицијата изјавиле дека само се шегувале. Двегодишната Данка е пријавена за исчезната од нејзината мајка во вторникот, по што Србија за прв пат го активираше системот Пронајди ме. 

Палестинците во појасот Газа се соочуваат со се полоши услови за живот. Гладот и изгладнувањето се шират предупредуваат ОН. Според нивните податоци, 31 лице, вклучувајќи 27 деца, веќе умреле од неухранетост и дехидрација.

-Се обидовме два пати утрово да обезбедиме храна, но залудно. Ќе се обидеме уште еднаш или два пати, но нема многу време до ифтар, ние сме во Рамазан. Се надеваме дека ѓе обезбедиме храна денес, вели жител на градот Газа, Ахмед Тафеш.   

Највисокиот суд на ОН му наложи на Изарел да овозможи непречен проток на помош за цивилите во енклавата. Бара да отвори повеќе копнени премини за да обезбеди снабдување со храна, вода, гориво, како и средства за хигиена и медицински материјали. Израел негира дека ја блокира помошта и го обвини Хаамс дека презема голем дел од пратките што влегуваат во Газа. 

Русија планира голема офанзаива во мај, тврди шефот на украинскаат држава. Зеленски вели дека Украина не е подготвена за тоа, и повторно побара од Конгресот на САД итно да помогне со воена помош за украинската војска. 

Рускиот терор само ескалира и може да биде запрен само со физичката сила на нашата одбрана. Украина е благодарна за поддршката на Соединетите Држави и на секој Американец кој се чувствува исто како и ние, дека слободата никогаш не треба да биде поразена. И многу е важно Конгресот да го задржи своето лидерство, истакна ВолодимиР Зеленски, претседател на Украина.

Шефот на руската дипломатија изјави дека Моксва  е подготвена да води разговори со Киев за крај на војната., но не врз основа на мировниот план на Зеленски. Планот предвидува итно повлекување на руските сили од  сите окупрани теритоии, вкличително и Крим.