Loading Video...
Свет
14. November 2023 - 12:20

Преглед на вестите од светот

Брачниот пар македонски државјани кои се наоѓаа во ризичните зони во Појасот Газа  се евакуирани, инфомираа од МНР. Тие се последните двајца наши државјани кои беа блокирани во палестинската енклава. Во моментов тие се на безбедно, привремено вдомени во Каиро, и наскоро ќе бидат упатени кон дома.

Сакам да оддадам посебно признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, напиша шефот на дипломатијата Османи на Фејсбук.

Евакуацијата се одвивала преку преминот Рафа, од каде што претходно беа евакуирани тројца наши државјани..

Во меѓувреме израелската војска одобри 7 часовни хуманитарни воени паузи, со цел евакуација на цивилите од северот во јужниот дел од Газа. Вооруженото крило на палестинската милитантна Хамас, пак доцна синоќа информираше дека ги информирале катарските посредници дека групата е подготвена да ослободи над 50 жени и деца кои се држат во Газа како заложници во замена за петдневно целосно примирје.

Хамас во видео порака информираше дека Израелската војска, при бомбардирањето на Газа убила неколку заложници, меѓу кои и капетанот Ное Марциано.

Израелците пак обвинуваат дека Хамас за заштита на своите позиции користи цивили како жив штит, но и дека болниците во Газа се користат за чување на заложници и оружје.

Израел вели дека најголемата болница во Газа, Ал Шифа е позиционирана над едно од главните седишта на Хамас, и дека организацијата ги користи пациентите во болницата како жив штит. Ваквите информации Хамас веднаш ги негираше .

Според последните информации од палестинските здравствени власти, бројот на загинати лица во Газа се искачи на над 11200 лица. Израелците досега информираа за 1400 жртви кои беа убиени во првичниот напад на палестинските воени организации на 7 октомври.