Македонија
22. јуни 2023 - 9:44

Прегазена жена на „Рузвелтова“, уапсен возачот кој побегнал од местото на несреќата

Жена се наоѓа во критична состојба, откако вчера во неа удрил автомобил „бмв“ без регистерски таблички.

Сообраќајната незгода се случила на улица „Рузвелтова“ во Скопје, а возачот на автомобилот го напуштил местото на несреќата.

Полицијата излегла на терен и подоцна го привела возачот на автомобилот.