Македонија
28. December 2019 - 10:44

Прегазен пешак во Куманово

Вчера околу 14,35 часот во Куманово, на ул.„Ѓорче Петров“ пред крстосница со ул.„Михајло Пупин“ патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М. Д. (60) од Куманово, удрило во пешакот Ѓ. С. (70) од Куманово.

По незгодата Ѓ.С бил пренесен во Клиничка болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.