Предложен притвор за 25 годишен скопјанец - осомничен дилер на марихуана
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– На 21 ноември, откако при личен претрес кај осомничениот биле пронајдени 10,69 грама марихуана, бил извршен претрес и во домот во кој престојувал на улицата „Прашка“. Таму полициските службеници пронашле уште 525 грама марихуана во повеќе помали пакувања, две дигитални ваги, како и парични средства за кои постои сомнение дека биле прибавени со илегална препродажба на дрога, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Јавниот обвинител оценил дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-
ОН: Царините на Трамп се погубни за земјите во развој
-
Вчера казнети 707 возачи, 218 за брзо возење
-
Таткото на Вања: Бев зависник од хероин, но не сум употребувал шприцеви
-
Приведен 21-годишен крадец од дојранско
-
Алијансата за Албанците го исклучи Мухсин Арифи од партијата
-
Скајтракс го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје меѓу првите десет во Источна Европа
-
Орбан: Членството на Украина во ЕУ не треба да биде инструмент за војна
-
Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент