Предлог казна од 12.000 евра за семејство од Битола поради непочитување на мерките за самоизолација
Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог против три лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите, двајца сопружници од Битола на возраст од 43 и 40 години, заедно со нивното малолетно дете на возраст од 17 години и уште едно лице од Скопје на возраст од 18 години со престојувалиште во Битола на иста адреса со семејството, биле должни во периодот од 14.03.2020 до 28.03.2020 година да бидат во домашна самоизолација и да не го напуштаат своето живеалиште/престојувалиште, бидејќи допатувале од Италија преку Грција, информираат од Јавното обвинителство.
Но, тие не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемија на заразната болест предизвикана од коронавирус Ковид-19 и на 19.03.2020 година го напуштиле домот.
Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот суд Битола на трите полнолетни лица да им определи парична казна во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 40 евра.
За малолетното дете, пак, до судијата за деца при Основниот суд Битола е поднесено Барање за поведување подготвителна постапка.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло