Македонија
14. April 2024 - 20:17

Предизвик за младите до почиста животна средина

Со пластични шишиња до цветни садници. Преку еко акција младите од општина Босилово ги едуцираат граѓаните за селекција на ПЕТ пластика. За секое домаќинство кое ќе собере одредена количина пластичи шишиња  тие обезбедуваат саксии со цвеќе. На тој начин имаат намера го да го намалат пластичниот отпад во нивните населени места , да го зајакнат меѓуетничкиот дијалог во општината, но и да ги мотивираат граѓаните,  наместо да прават депонии да селектираат.

Акцијата се спроведува во сите населени места од општината, а во неа се вклучија од најмалите до највозрасните. Сите се убедени дека оваа иницијатива на младинскиот совет ќе даде позитивни резултати.

Еко акцијата Пет пластика за цвеќе,  се спроведува во рамки на проектот ,,Млади за инклузија , еднаквост и доверба ,, финансиран од фондот на Обединетите Нации. Покрај младинскиот совет,  во реализацијата на проект како партнери се вклучени општина Босилово и трите основни училишта.

Оваа не е  единствена акција од ваков тип во Босилово. Веќе три години по ред на почетокот на секоја пролет граѓаните собираат пластичен отпад, а за возврат добиваат овошна садница по избор,